Лидс Јунајтед по две и кусур децении повторно е во Премиер – лигата, резултатите на стартот од сезоната се одлични, а атмосферата во клубот фантастична. Марсело Биелса за триумфот над Лидс Јунајтед на гости против Астон Вила (0-3) ја доби наградата „најдобар перформанс на тимот“ за изминатото коло од Тренерската организација на ФА на Англија, а ја одбележа со фотографија со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.
Популарниот Џани е „лудото момче“ во клубот, секогаш подготвен за смеа и глупост, но во позитивна конотација. Од друга страна, и Марсело Биелса има прекар „Лудак“, па тие неверојатно се надополнуваат. Фановите уживаат во ваквата атмосфера и коментираат на социјалните мрежи.
„Биелса изгледа како горд татко на Алиоски“, е еден од многубројните коментари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski