Connect with us

„Либерасион“ тврди: Ал Келаифи обвинет за киднапирање и изнуда, случај поврзан со СП во Катар

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, е обвинет за киднапирање и изнуда, објави парискиот весник „Либерасион“. Тој наводно учествувал во изнудата и затворањето на француско-алжирскиот бизнисмен Тајеб Б, кој беше уапсен на 1 ноември 2020 година под сомнение дека има доверливи информации за имињата на лицата вклучени во изборот Катар да го добие Светското првенство.

Францускиот весник Либерасион во своето издание денеска објави опсежен истражен напис за случајот со изнуда и киднапирање во кој го сомничи сопственикот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи, исто така сопственик на катарската медиумска компанија beIN Sports, член на извршниот комитет на УЕФА и член на организацискиот одбор на Светското првенство.во Катар.


Според новинарот на „Либерасион“, споменатото киднапирање се случило на почетокот на 2020 година. Француско-алжирски бизнисмен со адреса во Катар, чиј идентитет е откриен под името Тајеб Б., беше уапсен и приведен во јануари, а во затвор остана до октомври истата година.


Случајот допрва ќе се развива, а киднапирањето, подоцна и апсење на Тајеб Б., било мотивирано од катарскиот емир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови