
Оваа сезона може да биде последна за Роберт Левандовски во Барселона. Раководството на клубот веќе планира разделба со полскиот напаѓач на лето, тврди „ЕЛ Чирингито“.
35-годишниот голгетер во последните месеци играше под своите стандарди. Во Ла Лига има седум гола на 13 натпревари, но многу греши и на „Камп Ноу“ не се убедени дека Лева е човекот што ќе го води нападот следната сезона.
За поранешната ѕвезда на Баерн Минхен интерес пројавуваат клубови од Саудиска Арабија. Трансферот би му обезбедил на Левандовски огромна плата.
Договорот на полскиот интернационалец со Барселона е до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
