
Напаѓачот Роберт Левандовски постигна два гола во победата од 2-5 против Црвена Звезда и така се израмни со соиграчот Рафиња, Хари Кејн од Баерн Минхен и со Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон како најдобри стрелци во натпреварувањето со пет погодоци.
Откако го постигна својот 19. гол на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, 36-годишниот Левандовски рече дека е одушевен од агресивниот пристап на Флик.
„Од почетокот на сезоната имаме цел – треба да играме многу офанзивен фудбал, но без да испуштиме од вид колку добро игра нашата одбранбена линија“, изјави полскиот репрезентативец.
„Сè што работиме досега е речиси совршено. Треба да видиме што можеме да направиме подобро, се разбира, но јас се чувствувам многу добро, целиот тим сме среќни“, додаде тој.
„Мислам дека во овој нов формат на Лигата на шампионите победата на гостинските натпревари е многу важна. Во првото полувреме игравме малку бавно, но во второто имавме многу шанси. Понекогаш, кога екипата игра многу дефанзивно како Црвена Звезда, ни треба малку трпение. Секогаш барам слободен простор за да можам да ја допрам топката и да постигнам гол. Затоа сум многу среќен. Како тим игравме многу добро“, заврши Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Салиба: Нѐ изедоа живи…

Евро-фудбал
Арсенал и ПСЖ во битка за финале во ЛШ
