Connect with us

Левандовски му донесе триумф на Ханси Флик на дебито во Ла Лига, Столе Димитриевски не бранеше (ВИДЕО)

Роберт Левандовски беше човек на одлука за Барса во триумфот од 1-2 на гости против Валенсија. Новиот тренер Ханси Флик дебитираше со значајна победа.

Столе Димитриевски остана на клупата, а Ѓорги Мамардашвили беше на голот на Валенсија.

Валенсија поведе во 44.минута со голот на Хуго Дуро, а Левандовски сепак израмни буквално во последниот напад од првиот дел.

На почетокот на вториот дел беше досуден пенал за Барселона, а успешен реализатор повторно беше Левандовски во 48.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови