Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го коментираше можниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
„Позитивен сум за овој трансфер. Не знам дали Мбапе веќе има потпишано договор со Реал Мадрид, па тешко е да се коментира. Можеби е подобро да се почека ова да биде официјално објавено.
Познавајќи го Килијан, ќе биде одлично да се соочиме со него во Ла Лига. И, секако, доколку стане факт, позитивно ќе ја сфатам оваа вест, а не како причина за страв или нешто слично. Нема да биде ништо страшно, ако Мбапе го носи дресот на Реал Мадрид“, изјави Левандовски.
Полскиот интернационалец е цел на критики за своите настапи оваа сезона, па неизвесно е дали и ќе остане во Барселона следната година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













