
Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левановски, сепак, верува дека тимот, кој игра колебливо сезонава, на крајот ќе освои трофеј. Полскиот интернационалец беше гостин на хуманитарен настан во Барселона, каде беа собрани повеќе од 80.000 евра за детската клиника во Сант Кугат дел Валес.
„Ова е фудбал, работиме на секој натпревар да играме подобро. Мислам дека сега е совршено време да победиме и да играме подобро. Сега ќе играме во Виго, а потоа ќе одиме во Неапол на натпреварот против Наполи во Лигата на шампионите. Тешко е да се објасни зошто игравме така. Можеме да бидеме подобри, но имаме и многу млади играчи и мораме да одиме чекор по чекор“, изјави Левандовски.
„Би ги замолил сите наши навивачи за трпение. Во ова сме сите заедно и мислам дека на крајот на сезоната ќе бидеме задоволни од тоа како се претставивме. Сигурен сум дека ќе победиме многу натпревари, вклучително и во Лигата на шампионите. На крајот, верувам дека ќе освоиме трофеј“, истакна Левандовски.
Тој одби да коментира дали Ханси Флик, со кој ги освои сите трофеи во Баерн во Германија во 2020 година, може да го наследи Чави во Барселона.
„Кој е тренер на Барселона во моментов? Чави. Тоа е тоа, благодарам“, изјави Полјакот, кој има уште две години од договорот со клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
