Connect with us

Лестер спречи изненадување на Спартак Москва во Лига Европа (ВИДЕО)

Лестер триумфираше на тешкото гостување на “Откритие Арена” во Москва (4-3). Не изгледаше се така добро по тимот на Брендан Роџерс во првото полувреме, бидејќи домаќинот Спартак Москва го презеде водството рано во 11. минута, благодарение на Соболев.

Ларсон го зголеми водството на Спартак во 44. минута, но набргу, само една минута, подоцна, Дака го постигна првиот погодок за “лисиците”. Репрезентативецот на Замбија, повторно се запиша во листата на стрелци на почетокот на второто полувреме, во 48. минута. Тој го комплетираше својот прв хет-трик во дресот на Лестер само десет минути подоцна.

Со ова, Патсон Дака стана првиот играч на Лестер кој постигнал хет-трик во европските купови и првиот играч на Замбија што го сторил тоа за кој било клуб во големо европско натпреварување. Но, напаѓачот не запре тука, постигнувајќи нов гол за својот тим во 79. минута, а Соболев го намали водството на Лестер по големата гужва во шеснаесетникот на противникот за конечен резултат од 3-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови