Англискиот фудбалер и играч на Лестер, Џејми Варди, ќе отсуствува неколку недели од терените поради повреда на коленото, потврди менаџерот Брендан Роџерс.
Варди се повреди за време на првенствениот натпревар против Лидс.
За поранешниот англиски репрезентативец мечот против Лидс беше првиот што го започна како стартер во 2022 година, бидејќи беше надвор од терените повеќе од два месеци поради проблем со тетивата.
„Доби удар во коленото, но се надеваме дека ќе се опорави во следните три или четири недели“, изјави Роџерс.
Варди е најдобар стрелец на Лестер оваа сезона со 12 гола на 24 натпревари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski