
Англискиот премиерлигаш Њукасл доби нови сопственици, пребогатиот шеик од Саудиска Арабија, кој ќе се обиде во експресен рок да создаде клуб кој треба да им парира на најголемите клубови на Островот.
Раководството му даде отказ на Стив Брус, но некако не оди се по планот со ангажман на нов менаџер. Неколку звучни имиња како Антонио Конте, Ерик Тен Хаг, Брандан Роџерс, Стивен Џерард, одбија да седнат на клупата на „чавките“.
Од утрово нов фаворит за клупата на Њукасл е Леонардо Жардим кој со Монако и претходно со Олимпијакос ја освои титулата, а летово по двегодишна пауза се врати на тренерскиот занает и го презеде саудиски Ал-Хилал.
Обложувалниците на Островот најавуваат дека сега тој е во пол – позиција за да биде нов менаџер на Њукасл.
Тешко е да се каже дали Саудијците ќе се насочат кон тренерот кој работи во нивната земја, но зад него стои еден од најдобрите агенти, Жорге Мендеш, и тоа не е за занемарување. Жардим веројатно би помогнал некои од звучните имиња да стигнат до „Сент Џејмс Парк“, иако јануари е незгодно време за вакви трансфери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП лесно го освои Чаир

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
