Легендарниот бразилски дефанзивец и еден од најтрофејните играчи на Реал Мадрид, Марсело (36), официјално објави крај на својата фудбалска кариера. По 721 одигран натпревар, 58 постигнати голови, 117 асистенции и статус на еден од најдобрите леви бекови во историјата, Бразилецот заминува во пензија.
Во својата проштална порака, Марсело, напиша:
„Љубовта кон фудбалот ми ја всади дедо ми. Тој сакаше да бидам професионален фудбалер и направи сè за тоа да се случи. Кога имав 18 години, Реал Мадрид тропна на мојата врата. Со гордост можам да кажам дека сум вистински мадридиста. Во Реал изградив семејство со сопругата, освоив 25 титули за 16 сезони, бев еден од капитените… и имав многу магични ноќи на ‘Бернабеу’. Голема чест беше и да играм за Бразил. Секогаш ќе ги паметам двата олимписки медали и Купот на конфедерации.
Враќањето во Флуминенсе беше начин да му вратам на клубот. Освоивме три трофеи, меѓу кои и Копа Либертадорес. Мојот играчки пат завршува тука, но и понатаму имам многу што да дадам на фудбалот. Ви благодарам за сè.“
Флуминенсе го раскина договорот со него во ноември минатата година, откако на натпревар против Гремио (2-2) дојде до инцидент со тренерот Мано Менезес. Марсело беше подготвен да влезе во игра, но Менезес во последен момент ја повлече одлуката и го вратил на клупата. Според некои извештаи, Марсело му рекол на тренерот „да не го допира“, додека други извори тврдат дека одбил да исполни тактички инструкции.
Последниот натпревар во неговата кариера го одигра на 26 ноември 2024 против Виторија, настапувајќи 16 минути. На овој начин, кариерата ја заврши во клубот каде што ја започна.
Марсело дебитираше за Флуминенсе во 2005 година, а веќе на 18 години потпиша за Реал Мадрид. Во клубот остана до 2022 година, освојувајќи шест титули во Ла Лига, пет титули титули во Лигата на шампионите, вкупно 25 трофеи.
За Реал одигра 546 натпревари, станувајќи клупска икона и капитен на тимот.
Во репрезентативната кариера, Марсело освои Куп на конфедерации во 2013 година и две олимписки медали. Исто така, имаше кратка авантура во Олимпијакос, каде настапи на 10 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal