Connect with us

ЛЕ: Црвена Звезда лошо си помина во Глазгов, Галатасарај непоразен на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Српскиот првак Црвена Звезда доживеа убедлив пораз (3-0) на гости против Глазгов Ренџерс во првиот осминафинален меч од Лигата на Европа. Тимот на Дејан Станковиќ имаше нереализиран пенал преку Александар Катаи и два непризнати гола, а на крајот заминува дома со три гола во мрежата.

Таверние од пенал, Морелос и Балогун беа стрелци на головите за Глазгов Ренџерс.

Барселона не успеа го пробие бункерот на Галатасарај на „Камп Ноу“ и ремизираше без голови.

Аталанта го совлада Баер Леверкузен со 3-2, а Брага беше подобра од Монако со 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови