Рома го декласира Брајтон на „Олимпико“ со 4-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Пауло Дибала го отвори резултатот во 13.минута, а Ромелу Лукаку пред одморот зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Манцини во 64.минута, а набрзо потоа погоди и Кристанте за убедлив триумф на „волчицата“.
Ливерпул исто така беше многу убедлив против Спарта во Прага и славеше со 1-5. Дарвин Нуњез постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Мекалистер од пенал, Луис Дијаз и Доминик Шобошлаи. Голот за Спарта Прага всушност беше автогол на Конор Бредли.
Баер Леверкузен по првиот дел имаше два гола негатива против Карабах на гости. За претставникот на Азербејџан погодија Бензиа и Жунињо. Сепак, во второто полувреме, Вирц и Шик постигнаа два гола и го спасија Баер Леверкузен од пораз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal