
Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, конечно го скрши мразот и во групите од Лигата на Европа. „Наполитанците“ во третото коло стигнаа до првиот триумф славејќи против Легија Варшава со 3-0 на стадионот „Диего Марадона“. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, а отпорот на Легија го скрши Лоренцо Инсиње со фантастичен удар во 76.минута. Четири минути подоцна погоди и Виктор Осимен, а во судиското продолжение триумфот го потврди Матео Политано.
Вест Хем исто така славеше со 3-0 против Генк. Доусон, Диоп и Боувен беа стрелци на головите за англискиот премиерлигаш.
Важни победи на гостински терен остварија Лион и Монако. Лион славеше против Спарта Прага со 3-4 откако домаќинот поведе со 2-0, со головите на Хараслин. Два гола постигна Екамби, а стрелаа и Ауар и Пакета.
Монако со 1-2 го победи ПСВ Ајднховен. Боаду и Диоп донесоа важна победа за францускиот тим. Реал Сосиедад на гости го совлада Штурм со 0-1, со голот на Александер Исак во 69.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
