Connect with us

ЛЕ: Ливерпул убедлив, Баер Леверкузен максимален (ВИДЕО)

Ливерпул очекувано го победи ЛАСК со 4-0 и се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа. Луис Дијаз го отвори резултатот во 12.минута, а Коди Гакпо три минути подоцна зголеми на 2-0. Мохамед Салах од пенал го постигна третиот гол за англискиот тим, а Гакпо ја затвори серијата во 92.минута.

Баер Леверкузен има максимални „пет од пет“ откако славеше на гости против Хакен со 0-2. Бонифејс го постигна првиот гол, а Патрик Шик го осигура триумфот.

Во голеадата во Марсеј, Олимпик го победи Ајакс со 4-3. Вилјареал беше подобар од Панатинаикос со 3-2, а Славија Прага на гости триумфираше против Шериф со 2-3. Рома ремизираше против Сервет во Швајцарија (1-1).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови