Лигата на шампионите понуди многу возбудувања, а вечерва на програмата се дуелите во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА.
Македонските репрезентативци ги очекуваат важни дуели. Енис Барди со Трабзонспор е гостин на Црвена Звезда во Белград, а Езгјан Алиоски со Фенербахче ќе има директен дуел против Рен за првото место во групата и пласман во осминафиналето од ова натпреварување.
Во групата А, Арсенал гостува кај ПСВ Ајндховен во Холандија. „Топчиите“ веќе се во следната рунда, но сакаат да го освојат и првото место во групата, а за тоа им е доволно и да останат непоразени.
Во групата Е, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад обезбедија пролетни настапи, но сега ќе се борат за првото место кое води директно во осминафиналната рунда.
It’s Matchday 5 🥳 Let’s go! 👊#UEL
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 27, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













