Connect with us

ЛЕ: Баер Леверкузен го слави Патрик Шик, Ливерпул ја растури Спарта Прага (ВИДЕО)

Бер Леверкузен е „бесмртен“ оваа сезона и непобедлив. Карабах беше на прагот на сензација, имаше водство од 0-2 во Германија, но на крајот загуби со 3-2 и е елиминиран. Патрик Шик е херојот на „фармацевтите“.

Чаби Алонсо го уфрли во игра во 60.минута, а тој во 93. и во 97.минута постигна два гола за победа. До тие моменти, Баер Леверкузен беше на работ на елиминација, со оглед дека Карабах водеше со 0-2, со головите на Зубир и на Жунињо. Гостите од 62.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Чафаргулиев.

Ливерпул ја растури Спарта Прага на „Енфилд“ славејќи со 6-1. Четири гола избраниците на Јорген Клоп постигнаа за дваесетина минути. Њунез, Кларк, Салах и Гакпо стрелаа фуриозно, а Бирманчевиќ постигна гол за Спарта Прага пред одморот.

Во вториот дел голови за Ливерпул постигнаа Шобошлаи и повторно Коди Гакпо.

Брајтон ја победи Рома со 1-0, со голот на Дани Велбек во 37.минута, но италијанскиот тим оди понатаму поради триумфот од 4-0 на „Олимпико“.

Аталанта исто така се пласира во четвртфиналето откако го победи Спортинг Лисабон со 2-1. Педро Гонсалвеш донесе водство за гостите во 33.минута, но Лукман во 46.минута и Скамака во 59.минута донесоа пресврт. Првиот меч во Лисабон заврши 1-1, па Аталанта го продолжува патот во ова натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови