Холандскиот Ајакс и Панатинаикос имаа дуел за историја кој се решаваше со удари од белата точка. беа потребни дури 34 изведени пенали за Ајакс да оствари триумф, откако Тете во 89.минута постигна гол за грчкиот тим и го одведе мечот во продолженија, а потоа и на пенали.
Во 17. серија од пеналите, Вилхена од Панатинаикос не успеа да реализира, а Антон Гаеи му обезбеди на Ајакс пласман во плејоф-колото од Лига Европа.
Рапид Виена и вторпат го победи Трабзонспор, овојпат со 2-0, а Енис Барди играше од 82.минута.
Партизан по продолженија беше елиминиран од Лугано, кој постигна гол за 2-2 и со играч помалку, откако „црно-белите“ во регуларниот тек ја елиминираа негативата (1-2) од првиот меч во Белград.
Дамјан Шишковски и Борац Бања Лука по продолженија славеа против Клаксвик со 3-1, откако во регуларниот тек победија со 2-1. Босанскиот тим е во плејофот, на само еден чекор од групната фаза во ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













