Македонија ЃП стигна до првата победа во новиот шампионат од Првата лига откако на стадионот во Ѓорче Петров ја совлада Победа со 3-1. Тимот на Муарем Бајрами беше подобар ривал и заслужено ги освои трите бода. За Победа ова е трет пораз во исто толку натпревари откако се врати во елитата.
Сефер Емини во шестата минута донесе предност за „лавовите“ откако зафати волеј-удар и го совлада Тофилоски. Победа израмни во 17.минута.
Адтхе Мазари искористи невнимание во домашната одбрана и со удар со левата нога од десетина метри го надмудри Стевковски.
Македонија ЃП во финишот на првиот дел обезбеди предност. Кристијан Стојкоски во 34.минута погоди за 2-1, а четири минути подоцна Сефер Емини уште еднаш се запиша меѓу стрелците и се прости со два гола, со оглед дека оди на нова печалба, овојпат во Данска.
Во второто полувреме, Мена го потврди триумфот на Македонија ЃП и го постави конечниот резултат, 4-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













