Македонија ЃП и Победа денеска (17 часот) ќе го отворат третото коло од Првата фудбалска лига. За „лавовите“ тоа е втор меч на стартот на сезоната, а првиот го загубија од Шкупи (2-1) на Чаир. Токму затоа фудбалерите на Муарем Бајрами се решени денеска против Победа – да стигнат до првата победа.
Прилепчани по враќањето во елитата забележаа два порази, се уште се без постигнат гол, па ќе се обидат да го подобрат впечатокот и да го освојат бод(ови) на денешното гостување во Ѓорче Петров.
Останатите натпревари од третото коло се играат утре, а се среќаваат: Силекс – Скопје, Академија Пандев – Шкендија, Струга ТЛ – Работнички, Тиквеш – Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













