
Некогаш големата фудбалска ѕвезда, Аргентинецот Езекиел Лавеци (38), повторно е примен во болница. Овојпат таму заврши поради предозирање.
Езекиел Лавеци заработи огромни пари во Кина и ПСЖ. Аргентинецот во еден момент беше најплатениот фудбалер во светот, а својата богата кариера ја заврши во 2019 година.
Откако прекина со фудбалот, Лавеци очигледно не знае што да прави со себе.
Пред 20 дена заврши во болница откако сопствениот брат го избоде со нож за време на забава. Денеска 38-годишникот повторно заврши на болнички кревет. Аргентинските медиуми тврдат дека тој се предозирал и моментно е на интензивна нега.
„Тој има симптоми на предозирање откако имал низа семејни проблеми. Неговите најблиски мора да направат нешто”, објави новинарот Луис Вентура.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
