Connect with us

Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со Интер до 2029 година

Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со Интер. Капитенот на „нероаѕурите“ се обврза со клубот на нови пет години до летото 2029 година.


Аргентинскиот напаѓач ќе заработува околу 9 милиони евра по сезона. Претходниот договор на Мартинез, кој го водеше Интер до титулата во Италија минатата сезона, беше со важност до 2026 година.

Лаутаро пристигна во Интер во 2018 година. Оттогаш, тој има постигнато 129 гола за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања. Според статистиката, напаѓачот бележи еден гол на секој два натпревари во Серија А, каде што има постигнато 103 погодоци во 206 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови