Интер го задржува аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и во наредните пет сезони. „Нероаѕурите“ објавија дека потпишале нов договор со својот напаѓач до 2026 година. Со ова Аргентинецот конечно стави крај на сите приказни за неговото заминување од „Џузепе Меаца“.
24-годишниот напаѓач, кој досега има 33 настапи за аргентинската репрезентација, оваа сезона за Интер во Серија А постигна пет гола на девет настапи.
„Многу сум среќен што ќе останам овде толку долго. Испраќам голема прегратка до сите навивачи на Интер. ’Форца Интер’ и се гледаме на стадионот“, изјави Лаутаро Мартинез по потпишувањето на новиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













