
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, е на прагот конечно да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваа со месеци, но конечно постигнаа договор на состанокот меѓу агентот на играчот и управата што се одржа вчера.
Така, наскоро се очекува Мартинез да потпише договор до летото 2029 година или три сезони подолг од сегашниот договор. Неговата годишна плата се очекува да биде 9 милиони евра, а со бонуси може да достигне најмалку 10 милиони. Дополнително, во договорот нема откупна клаузула, а на оваа тема во ниту еден момент не се разговарало.
Напаѓачот им се приклучи на „нероаѕурите“ во 2018 година со трансфер од матичниот Расинг клуб. Под водство на Лучијано Спалети, Антонио Конте и Симоне Инзаги одигра вкупно 282 натпревари со 129 гола и 43 асистенции во сите натпреварувања.
Во оваа сезона, аргентинскиот интернационалец за првпат ја заслужи наградата „Капоканоние“ за водечки стрелец во Серија А со своите 23 гола.
25-годишниот Аргентинец беше прогласен и за играч на сезоната во италијанската елита.
Неговите трофеи освоени со гигантот од Милано се две титули во Серија А, два Купа на Италија и три домашни Суперкупа.
BREAKING: Lautaro has decided to accept Inter’s renewal offer ⚫️🔵
— Italian Football TV (@IFTVofficial) May 31, 2024
€9M a season + bonuses. He’s ready to sign until 2029.
Just the official announcement missing 🔜
📰 Sky Italia pic.twitter.com/I3JbFGPfwP

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
