Connect with us

Лаутаро Мартинез го замолкна „Олимпико“, Интер го покори Рим (ВИДЕО)

Интер ја обезбеди петтата победа оваа сезона во Серија А, откако триумфираше со 0-1 против Рома на стадионот „Олимпико“. Херој на шампионот беше капитенот Лаутаро Мартинез.

Аргентинецот го постигна единствениот и победнички гол во 60. минута.


Рома изведе корнер, но по одбиената топка следуваше грешка на средината од теренот, што му овозможи на Интер да изведе брз противнапад. На крајот, топката стигна до Мартинез, кој со прецизен и силен удар ја затресе мрежата на домаќинот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови