Интер го декласира градскиот ривал Милан со 0-3 во „Дерби дела мадонина“ и направи четири чекори напред на врвот на табелата во Серија А. Тимот на Антонио Конте демонстрираше доминација и славеше со головите на Лаутаро Мартинез и на Ромелу Лукаку.
Милан немаше одговор за одличното издание на „нероаѕурите“.
Лаутаро Мартинез уште во петтата минута донесе водство за Интер, а Милан не искористи неколку шанси за израмнување на стартот на вториот дел. Сакир Хандановиќ реагираше извонредно на голот на Интер. А потоа повторно Лаутаро Мартинез зададе нов удар.
Во 57.минута, Аргентинецот вторпат ја затресе мрежата на Милан. Се надоврза и Ромелу Лукаку девет минути подоцна и беше јасно дека Интер ќе слави голем триумф. Сега составот на Конте има четири бода предност пред Милан на врвот на табелата во италијанскиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













