Connect with us

Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)

Интер се приклучи на Рома на врвот на табелата во Серија А по убедливата победа над Лацио со 2-0 на „Меаца“.

По 11 кола, Интер и Рома имаат по 24 бода, додека Милан и Наполи ги следат со по 22. Лацио останува на деветтото место со 15 бодови.

Интер поведе веќе во третата минута. Бастони продре по левата страна и испрати топка во казнениот простор, а Лаутаро Мартинез од околу 14 метри, откосо од левата страна, со силен удар ја смести топката зад голманот Проведел, за 1-0.

Првото полувреме не понуди многу ситуации, но второто беше поинтересно. Во 62-та минута, Интер ја удвои предноста. По центаршутот на Димарко, Бони ја спроведе топката во мрежата за 2-0.

Со оваа победа, Интер го потврди својот статус како сериозен кандидат за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови