Connect with us

Лацио го продава Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Лацио пресече, Сергеј Милинковиќ-Савиќ по седум години на продажба. Имено, Србинот ќе го напушти Рим, доколку некој го плати тоа што го бара Лотито, 80 милиони евра со лесно остварливи бонуси.


Претседателот на Лацио процени дека тоа може да биде предмет на преговори, веројатно малку ќе ја спушти цената, а ПСЖ и Мначестер Јунајтед остануваат фаворити, се зборуваше и за Реал, но, сепак, „кралевите“ имаат други приоритети.


Што се однесува до италијанските екипи и Интер и Јувентус го сакаат Србинот, велат дека Алегри е опседнат со него, но по трансферот на Влаховиќ нема шанси Јуве да одвои толку пари, особено што Лотито не прифаќа никаква размена со играчи. Порано го сакаше Ругани, но сега на стоперот му истекува договорот.


Пари за таков трансфер нема и Интер, а ако има ќе го врати Лукаку од Челси.


Србинот има договор до 2024 година, но сега нема да го продолжи, тој е најплатениот играч во историјата на ерата на Лотито, речиси две децении, но време е да си замине.


И најверојатно надвор од Италија затоа што е прескап за италијанските великани.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови