Италијанскиот калчолигаш Лацио денеска соопшти дека официјално се раздели со поранешниот тренер Маурицио Сари и за нов шеф на стручниот штаб го назначи неговиот асистент Џовани Мартушиело.
Поради лошите резултати во Серија А и несогласувањата со раководството на клубот, Сари ги напушти римјаните по речиси три години, а Мартушиело до крајот на сезоната ќе биде на клупата на осминафиналистот во Лигата на шампионите.
Мартушиело заедно со Сари дојде во редовите на „небесно-сините“, а во текот на кариерата 54-годишниот тренер беше само во Емполи во сезоната 2016/17.
Лацио моментно се наоѓа на деветтото место во италијанското првенство и е во лоша серија од три последовни порази, додека во Лигата на шампионите беше елиминиран од Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













