Барселона едвај се спаси од пораз против Гранада (1-1), а тоа и дефинитивно ќе му пресуди на тренерот Роналд Куман. Претседателот Хоан Лапорта синоќа одлучил да му даде отказ на холандскиот стратег, а тоа треба да биде објавено во текот на денешниот ден.
Лапорта му замери на Куман за изјавата дека тимот веќе не е дел од европскиот крем, што ја даде по поразот (0-3) од Баерн Минхен на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите.
Единствено што го штити Куман е огромниот надомест од дури 13 милиони евра за финансиски уништената Барселона во случај на отказ.
Затоа Лапорта одолговлекува и купува време, односно се обидува да го убеди Куман да се согласи на многу помала сума на компензација во име на старите времиња и емоции кон клубот на кој му ја донесе првата европска титула со својата цел во 1992 година.
Исто така, Лапорта има уште еден голем проблем. Како да се најде тренер чие име е доволно силно за да биде достоен за Барселона. Секако, парите се најголемиот проблем, но во шпанските медиуми се појавија некои имиња кои фигурираат како најсериозни кандидати за нов тренер на Барса. Се појавија имињата на Јоаким Лев, Антонио Конте, Филип Коку, Роберто Мартинез, Андреа Пирло и на Чави Хернандез.
Фановите се едногласни по ова прашање, тие ја сакаат иконата на клубот Чави.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













