Connect with us

Лапорта сака да му даде отказ на Чави, но отштетата за тренерот ќе биде огромна

Чави Хернандез повторно е на „тапет“ во Барселона и овојпат е многу сериозно затоа што при последната изјава откри дел од финансиската состојба во која се наоѓа клубот. Преку ова не можеше да прејде претседателот Жоан Лапорта кој му е екстремно лут и му најавил дека Чави ќе добие отказ на крајот на сезоната.

Но, отказот на Чави, од друга страна, уште повеќе би ја влошил и така лошата ситуација на финансиски план. Во договорот на тренерот и клупска легенда има клаузула според која во случај на отказ, односно предвремен раскин на договорот, Чави треба да добие огромна отштета од 18 милиони евра.

Барселона ќе заврши на второто место на табелата во Ла Лига, а на Чави му се замерува дека всушност ја кажа реалноста, како каталонскиот гигант нема премногу шанси во овој момент и во една ваква ситуација, да му парира на големиот ривал Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови