
Барселона и Реал Мадрид не се откажуваат од Суперлигата. Иако повеќето други европски гиганти се предомислија и повеќе не се заинтересирани за формирање на ново натпреварување, Шпанците тврдат дека има голем број на клубови кои би сакале да играат во Суперлигата.
„Ако Суперлигата не започне од следната сезона, ќе започне од 2025/26. Секој клуб би добил по 100 милиони евра, а тие пари не можат да се заработат ниту со освојување на Лигата на шампионите“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.
„Кој би играл? Барселона, Реал, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, три холандски клуба, Андерлехт, Клуб Бриж. Суперлигата би имала 16 или 18 клуба. Да потсетиме дека и во Купот на шампионите во 1955 година играа многу малку клубови“, истакна првиот човек на каталонскиот клуб.
Лапорта призна дека Англичаните не сакале да учествуваат.
„Не ми е гајле за нив, тие веќе имаат своја Суперлига. Нашата конкуренција би била борба со Премиер – лигата. Мислам дека Англичаните нема веднаш да влезат, но сакаме да ни се придружат. Разговаравме многу со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челси и Тотенхем“, изјави Лапорта.
Тој откри дека ПСЖ одбива да учествува бидејќи веќе има моќна позиција во УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
