
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, истакна дека клубот се соочува со многу непријатели.
„Тие се обидуваат да нѐ смачкаат, затоа што се бесни што можеме да ги победиме. Се бориме против сè и сите. Мора да продолжиме напред со високо подигнати глави и да останеме поединствени отколку претходно“, изјави Лапорта на отворањето на Генералнoтo собрание на клубот.
„Се бориме против сите кои нè напаѓаат во случајот „Негреира“. Меѓутоа, ние ги добиваме судските спорови, додека тие само се обидуваат да го оддолжуваат времето. Нема да дозволиме да се остварат нивните апокалиптични предвидувања за Барселона. Тие не ја зборуваат вистината, туку само сакаат да нè ослабат, поради што е потребно да бидеме силни“, продолжи претседателот.
Во меѓувреме, Барселона ужива во силен старт на сезоната под новиот тренер Ханси Флик. Барса е лидер во Ла Лига со три бода предност пред Реал, пред мечевите на двата тима во овој круг, а следната недела е Ел Класико.
„Сметавме дека тимот има потреба од нов поттик. Сигурни сме дека со овие играчи и Флик како тренер, успесите ќе дојдат. Многу сме задоволни од тренерот – како личност, така и од неговите професионални квалитети. Деко успеа да ја намали вкупната сума за плати и имаше можност да го подобри и подмлади стручниот штаб“, додаде Лапорта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
