
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, истакна три работи кои сака да ги види во новата 2024 година. Каталонците ја бранат титулата во Ла Лига, но во исто време продолжуваат да се борат со финансиските проблеми.
Првиот човек на Барса во интервју за „Спорт“ посака Каталонците во 2024 година да се вратат навреме на својот „Спотифај Камп Ноу“, да освојат трофеи и да се вклопат во нивниот буџет.
Во основа, планот е Барса да се врати на својот стадион до 29 ноември, а засега работите за реновирање одат според зацртаниот распоред.
Во однос на пехарите кои Лапорта ги посакува, тимот е на седум бода од врвот во шпанското првенство, а допрва ги чекаат натпреварите од Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија и нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Буџетот на клубот за 2024 година е 859 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal