Connect with us

Лапорт пред трансфер во Ал-Наср

Европскиот шампион Манчестер Сити ја прифатил понудата на Ал-Наср за дефанзивецот Ејмерик Лапорте, објави „Скај спортс“. Шпанецот стана резерва во тимот на Пеп Гвардиола и се очекува негово заминување од „Итихад“.


Ал-Наср ја зголемил и платата понудена за фудбалерот.

Шпанскиот репрезентативец помина пет сезони во Манчестер Сити, но се чини дека неговата кариера таму е при крај. За него е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Атлетик Билбао, но трансферот назад во баскиската страна изгледа малку веројатен.

Преселбата на Лапорт во Ал-Наср е лоша вест за Манчестер Јунајтед и Барселона, бидејќи клубот од Саудиска Арабија размислуваше за трансфер за Ерик Баи или Клемен Ленгле.

Ал-Наср ги има и Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Алекс Телјеш, Давид Оспина и, секако, Кристијано Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови