Connect with us

Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, се врати на тренинзите со тимот. Крилниот напаѓач поради повредата пропушти неколку натпревари на својот тим.

Јамал беше подложен на рехабилитација и се очекуваше да се врати на тренажниот процес на 18 октомври.

Барселона во минатото коло доживеа тежок пораз од Севилја со 1-4 и не успеа да се искачи на првото место на табелата во шпанското првенство.

Во Барселона се оптимисти дека ќе можат да сметаат на Ламин Јамал во продолжението на сезоната, откако ќе заврши паузата за натпреварите на националните тимови. Каталонците во следното коло ќе се соочат со Џирона.

Со повреди во тимот сè уште се Жоан Гарсија, Рафиња, Феран Торес, Фермин Лопез и Дани Олмо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови