Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, се повреди на натпреварот против ПСЖ и нема да биде дел од составот за денешниот дуел против Севилја во Ла Лига, како и за репрезентативните настапи на Шпанија.
Она што најмногу ги загрижува навивачите на каталонскиот клуб е неизвесноста околу неговиот настап на големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид, закажано за 26 октомври.
Тренерот Ханси Флик ја потврди оваа вест на прес-конференцијата пред мечот со Севилја.
„Со ваков тип на повреда, многу е тешко да се предвиди дали ќе може да игра за три, четири или пет недели. Мораме да почекаме и да видиме, да внимаваме на неговото оптоварување. Тренираше со тимот за опоравување и ќе продолжи со нив во наредните неколку недели. Ќе одиме чекор по чекор и ќе следиме како напредува“, изјави германскиот стратег.
Доколку Ламин Јамал не се опорави навреме за дербито со Реал, тоа ќе биде голем удар за Барселона, имајќи го предвид огромното влијание на 17-годишникот има врз офанзивната игра на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













