Тинејџерската сензација на Барселона, Ламин Јамал, кој со Шпанија го освои Европското првенство, е избран за најдобар млад играч во светот, на церемонијата за „Златната топка“. Тој блесна минатата сезона со целиот свој потенцијал, а многумина му предвидуваат фантастична кариера, можеби и поголема од Лео Меси.
Ламин Јамал го доби „Копа“ трофејот, станувајќи најмлад фудбалер во историјата кој го добил ова признание. Тој сѐ уште е малолетен.
Јамал го наследи Џуд Белингам, а ја надмина конкуренцијата од фудбалери како Пау Кубарси, Арда Ѓулер, Коби Мејну и Савињо.
LAMINE YAMAL IS THE 2024 KOPA TROPHY!
— Ballon d'Or (@ballondor) October 28, 2024
The 17 year old spanish wonder boy can't be stopped from @FCBarcelona! ✨🇪🇸 #TrophéeKopa #ballondor @championsleague pic.twitter.com/iKeIHAURrZ
Kopa Trophy 2024 top three 👏#UCL | #ballondor pic.twitter.com/vdAiJmii1i
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 28, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski