Connect with us

Лајпциг сака да го врати Санчо во Бундес-лигата

Лајпциг е заинтересиран за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, тврди „Билд“. 23-годишниот Англичанец сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ оваа зима. Тој е во конфликт со менаџерот Ерик тен Хаг, а против него сврте и голем дел од соиграчите.


Проблем за трансферот на Санчо кај „биковите“ би можела да биде големата плата што ја добива – околу 20 милиони евра годишно.

Интерес за крилниот напаѓач има и од неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд.

Крилниот напаѓач досега имаше само три настапи за „црвените ѓаволи“ оваа сезона, а надвор од терените е подолг период.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови