
Германскиот бундеслигаш Лајпциг ги договори условите со Ленс за ангажман на белгискиот напаѓач Луис Опенда.
Еден од најдобрите напаѓачи на француската Лига 1 од минатата сезона се сели во Германија во трансфер вреден 38 милиони евра, плус бонуси.
Тој пристигнува како замена за Кристофер Нкунку кој се пресели во Челси за 60.000.000.
Опенда може да игра и како крило и како напаѓач. Тој е исклучително брз, со завидна техника.
Минатата сезона во дресот на Ленс постигна 21 гол и со тоа им покажа на клупските челници дека не погрешиле кога го доведоа од Клуб Бриж една година претходно за 12.000.000 евра.
Вицешампионот на Франција претходно одби 30 милиони евра од Лајпциг.
Инаку, ова е рекордна продажба за Ленс, додека во исто време Опенда стана најскапата аквизиција на Лајпциг, надминувајќи го доаѓањето на Доминик Шобошлаи кој сега веќе е член на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
