Словенечкиот фудбалер Бенjамин Шешко е нов играч на Лајпциг, официјално потврдија од германскиот клуб.
Манчестер Јунајтед го сакаше младиот словенечки напаѓач, во приказната беше и Челси, но 19-годишниот фудбалер реши да замине во Бундес-лигата.
„Братските“ клубови се договорија Шешко да остане во Салцбург до крајот на сезоната и да се пресели во Лајпциг од сезоната 2023/24, кога ќе ја започне кариерата во Германија. Шешко во Лајпциг ќе остане до 2028 година.
Еден од најталентираните фудбалери во Европа дојде во Салцбург од Домжале за 3 милиони евра, а минатата сезона експлодираше во дресот на австриските „бикови“ и го привлече вниманието кон себе.
Трансферот на Шешко во Лајпциг ќе го чини германскиот клуб околу 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













