Connect with us

Ла Лига: Реал Мадрид ја почнува одбраната на титулата против Мајорка, а Барса гостува против Валенсија на Столе Димитриевски

Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид, ја започнува одбраната на титулата во Ла Лига со гостување кај Мајорка.


Првиот натпревар на Барселона во новата сезона ќе биде гостување кај Валенсија, новиот тим на Столе Димитриевски.


Сензацијата од минатата сезона, Џирона, исто така гостува во првото коло – кај Бетис.


Атлетико Мадрид ќе игра против Вилјареал на “Естадио де ла Керамика”.


Сезоната во Ла Лига започнува на 15 август и завршува на 25 мај.

Јасно е и кога ќе бидат двете изданија на „Ел Класико”. На 27 октомври, Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу”, а возвратниот натпревар е на 11 мај.

Во последното коло, Барселона ќе гостува кај Атлетик Билбао, а Реал Мадрид ќе го пречека Реал Сосиедад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови