Connect with us

Л’Екип: Реал Мадрид подготви 150 милиони евра за Мбапе

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе тргне по Килијан Мбапе, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој израсна во еден од најдобрите светски фудбалери и се предвидува дека ќе биде наследникот на Роналдо и на Меси како најголема планетарна ѕвезда. Тоа го препознава претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез и веќе подготвил 150 милиони евра за трансферот на Французинот.

Мбапе одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, актуелниот му истекува во јуни 2022 година и „светците“ ќе мораат да го продадат ова лето ако сакаат да заработат на неговото заминување од Париз.

Покрај Мбапе, Перез ја разгледува можноста за купување и на Ерлинг Халанд, да направи нов револуционерен потег и да ги доведе во Мадрид двете најголеми млади ѕвезди во светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови