
Фудбалерот на Наполи, Kвича Кварацкелија е прогласен за најдобар играч на сезоната во италијанската Серија А, во која му помогна на својот тим да стигне до првата шампионска титула по 33 години.
Наградата ќе му биде врачена на грузискиот фудбалер во недела, пред почетокот на последниот 38 натпревар меѓу Наполи и Сампдорија.
Кварацкелија дојде во Наполи во јули 2022 година како замена за капитенот Лоренцо Инсиње. Тој има постигнато 14 гола во сите натпреварувања, од кои 12 во Серија А, каде што е најдобар асистент со 10 асистенции.
Шефот на стручниот штаб на Наполи, Лучијано Спалети е избран за најдобар тренер, а и други две награди им припаднаа на фудбалерите на новиот шампион на Италија. Најдобар напаѓач е Виктор Осимен, а најдобар дефанзивец Ким Мин-Јае.
Најдобар млад играч до 23 години е Николо Фаџоли од Јувентус, најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, додека играчот на Интер, Николо Барела, е најдобар играч за врска во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Монако го именуваше Покоњоли за нов тренер

Евро-фудбал
Анчелоти ќе го води Бразил до 2030 година

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
