Бразилецот Фелипе Кутињо е на излезна врата од Барселона која очајно се обидува да го продаде, но засега нема заинтересирани клубови кои би ја преземале неговата огромна плата од „Камп Ноу“. Италијанските медиуми најавуваат дека Лацио е заинтересиран за офанзивниот играч за врска, но исто така главен проблем во преговорите е платата.
„Лацијалите“ го сакаат Кутињо на едногодишна позајмица, но бараат и Барселона да сервисира еден дел од неговата плата. Ова не му одговара на каталонскиот гигант кој се наоѓа во голема финансиска криза и сака комплетно да го продаде Бразилецот. Но, таков клуб засега не се појавил, па можно е сепак Кутињо да заврши на „Олимпико“ и во новата сезона да го носи дресот на Лацио.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













