Бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо би можел да се врати во родната земја и да го облече дресот на Фламенго. Клубот доби нов тренер, португалскиот стратег Пауло Соуса кој „побегна“ од репрезентацијата на Полска, самиот си плати 300.000 евра отштета и се пресели во далечниот Бразил. А таму би сакал да го има и Кутињо во тимот.
Барселона е расположена за секаква опција, само да се ослободи од Кутињо во моментов, со оглед дека има огромна плата. Тоа би ослободило свежи пари во буџетот за нови засилувања. Бразилецот има понуди и од Арсенал и Њукасл во Премиер – лигата, но примамливо звучи и дресот на Фламенго каде Кутињо би можел да се наметне повторно за настап во репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













