
Реал Мадрид вчера загуби од Мајорка со 1-0 во 20. коло од Ла Лига, а тоа го искористи Барселона и со триумф од 3-0 над Севилја побегна на осум бода предност.
Покрај бодовите на Палма де Мајорка, „кралевите“ го загубија и голманот Тибо Куртоа, кој во последен момент беше повлечен од стартниот состав. Тој се повреди на загревањето, па на голот застана Андреј Лунин.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Тубо Куртоа го повредил бутниот мускул. Поради тоа, 30-годишниот Белгиец би можел да го пропушти Светското клупско првенство, каде Реал Мадрид оваа недела ќе игра како европски првак, а неизвесен е и за првиот меч со Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите, кој ќе се одигра на „Енфилд“ на 21. февруари.
„Кралевите“ во среда од 20 часот ќе го одиграат полуфиналниот натпревар на Светското клупско првенство против Ал Ахли.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
