По извлекувањето на двојките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени и двојките за првата фаза од Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, Вардар и финалистот Струга ТЛ, ќе играат директно во следната рунда од најмасовното натпреварување.

Куп на Македонија – прво коло:
- Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица
- Шкендија Арачиново – Саса
- Беласица – Арсими
- Јенимаале – Шкендија
- Карбинци – Работнички
- Евротип – Силекс
- Победа Валандово – Брегалница
- Тетекс – Пелистер
- ГФК Охрид – Брера
- Љуботен – Македонија ЃП
- Скопје – Тиквеш
- Кожуф – Шкупи
- Победа – Башкими
- Пчиња – слободна
Сезоната во македонскиот шампионат започнува на 8 август со натпреварите од ПМФЛ, додека првата рунда од Купот ќе се игра на еден натпревар. Доколку мечот заврши без победник, победникот ќе се одлучува по изведување пенали.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













