Македонија ЃП продолжува со одбрана на трофејот во Купот на Македонија откако обезбеди пласман во полуфиналето, заедно со Воска и со Тиквеш.
„Лавовите“ славеа со 1-0 на четвртфиналниот дуел против Силекс, со голот на Алтин Алији во 66.минута.
Воска Спорт славеше на гости против Брегалница во Штип со 0-1 со голот на Ален Јашароски и за првпат во историјата ќе игра во полуфиналето на најмасовното натпреварување.
На мечот меѓу Тиквеш и Брера решаваа пеналите (6-5), откако мечот заврши 1-1. Матеј Цветановски со помош на дефанзивефот на Тиквеш, Глигор Дончев, ја доведе Брера во водство во 45.минута, но на почетокот на вториот дел израмни Куреж Гал.
Драматично беше при изведувањето на пеналите. И двете екипи не реализираа по два удри во првите пет серии, но потоа се изведуваа пенали дури до осмата серија. На крајот Тиквеш беше поуспешен и славеше со 6-5. Голманот на Тиквеш, Ариан Ренер го одбрани последниот пенал на Ѓорѓиевски.
Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра утре (13 часот) на теренот на ФФМ, откако денеска беше одложен поради лоши временски услови и несоодветен терен на СЦ „Борис Трајковски“ во Маџари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













