Гостивар, Македонија ЃП и Воска Спорт се екипите кои се пласираа во осминафиналето на Купот по денешните натпревари.
Гостивар славеше против Победа со 3-1. Иван Ивановски од пенал донесе водство во десеттата минута, а Елвис Машике во 36.минута зголеми на 2-0. Риној Ајдини во 65.минута постигна трет гол за гостиварци, а до крајот Победа постигна почесен погодок.
Воска успеа да слави на гости против Башкими со 0-2. Стрелци на головите за Воска беа Донарт Ибрами и Клинтон Осеи од пенал.
Македонија ЃП на пенали славеше против Беласица (4-5), откако регуларниот тек заврши 2-2. Искусниот Александар Милушев не го реализира пеналот за струмичани во пенал-рулетот.
Кире Маркоски ја доведе Македонија ЃП во водство, а Беласица направи пресврт со головите на Митров и на Стојанов. Крсте Велкоски од пенал израмни на 2-2, а потоа „лавовите“ преку пенали се пласираа во следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













